Од деца ги учат на неспортски потези, затоа и беа казнети (Видео)

Јуниорите на Мега се елиминирани од екипата на Париз и нема да учествуваат на завршниот турнир на Евролигата. Во возвратниот меч, Мега победи со 69:68, но тоа не беше доволно да се анулира негативата од девет поени по првиот меч.

Во завршницата на мечот, се случи една чудна ситуација. При резултат 69:67 за Мега, на неколку секунди до крајот, домашните кошаркари решија да си дадат автокош и на тој начин резултатот да биде израмнет за да има пет минутно продолжение во кое ќе се обидеа да стигнат до посакуваната предност од девет разлика.

Сепак, ваквиот неспортски потег веднаш беше санкциониран од судиите. Автокошот беше поништен, а домашните добија техничка грешка. На крајот, планот да се стигне до продолжение се покажа како неуспешен, а младите кошаркари научија една важна лекција дека во спортот не поминува неспортскиот дух.

https://twitter.com/i/status/1231324790654414865

 

- Оглас -

Најнови вести