Од фаворитите не победи само ПСЖ, и тоа во единствениот меч на кој не паднаа барем три гола

Дуелот на Бенфика и Пари Сен Жермен во Лисабон беше единствениот вечерва од оние што почнаа во 21 часот на кој немаше победник и не паднаа барем три гола, мечот заврши 1-1. Од фаворитите на хартија, ПСЖ е единствениот што не триумфираше.

Манчестер сити со 5-0 го разби Копенхаген. Ерлинг Халанд даде два гола, а играше само во прво полувреме. Хулијан Алварез стана 100-ти аргентински играч кој постигнал гол во ЛШ.

Реал Мадрид имаше многу шанси, но искористи само две против Шахтар, па победи со минимални 2-1 и европскиот првак има максимални 9 бода од три кола.

Јувентус дојде до првата победа сезонава, го совлада Макаби Хаифа со 3-1, во меч на кој Анхел ди Марија имаше три асистенции.

Челзи со 3-0 го надигра Милан во меч кој требаше да биде дерби, но се покажа дека Англичаните се многу подобри. Обамејанг го даде својот прв гол во ЛШ по пауза од пет години.

Борусија Дортмунд славеше со 4-1 кај Севилја, дуелот мина во знакот на Џад Белингам, кој е најмладиот капитен стрелец на гол во историјата на ЛШ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести