16.8 C
Skopje
понеделник, 1 септември 2025

Од каде Георгина има пари да му купи џип на Роналдо од 180.000 евра?

Вереницата на Кристијано Роналдо, Георгина Родригес, откако пред четири години влезе во врска со славниот и супербогат фудбалер има сосема поинаков стил на живот од претходно, кога работеше како продавачка во бутик, сега и таа е „ѕвезда“, па затоа и не треба да чуди што неодамна на својот сакан му купи џип кој вреди 180.000 евра.

Според некои шпански медиуми, Роналдо на Георгина секој месец ѝ дава 50 до 100.000 евра за трошоци околу децата и за нејзини лични потреби, таа за интервју бара дури 100.000 евра, а од секоја објава на „Инстаграм“ во која има некаква реклама на бредови, инкасира по 8.000 евра.

Неодамна таа даде интервју за еден италијански медиум, што значи дека на сметката ѝ легнале 100 илјади евра. Но, далеку од тоа дека може да му парира на Португалецот. Роналдо заработува 239 илјади евра на ден, тука се вклучени платата од Јувентус, премиите и спонзорските договори.

- Оглас -

Најнови вести