Од следната сезона, голови како синоќешниот на Винисиус нема да се поништуваат

Некогашниот долгогодишен менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, кој сега е главен во секторот на ФИФА за развој на фудбалот, пред извесно време предложи едно правило кое треба да се изгласа напролет и кое треба да придонесе за помалку поништени голови поради минимален офсајд.

Фановите негодуваат што по прегледување на ВАР-снимка, се поништуваат голови поради „милиметарски офсајди“ кои е невозможно да се видат со голо око. Венгер предлага офсајд да биде само ако напаѓачот со цело тело е пред последниот играч во одбраната на противниците.

Синоќа на мечот Брага – Реал Мадрид имаше една ситуација во која на Кралскиот клуб му беше поништен гол поради ептен мал офсајд на Винисиус, а со правилото кое го предлага Венгер, во таквите ситуации нема да се поништуваат голови.

- Оглас -

Најнови вести