Од Струмица во Ниш

Српскиот фудбалер Марио Маслаќ, кој пред неколку дена се раздели со Академија Пандев, сега е нов член на Раднички од Ниш. Искусниот 29-годишен дефанзивец ќе му биде на располагање на шефот на стручниот штаб Милорад Косановиќ на 10 јануари, кога почнуваат подготовките за пролетниот дел од сезоната.

Маслаќ во Македонија настапуваше за струмичките клубови Беласица и Академија Пандев, а своевремено беше и младински репрезентативец на Србија.

- Оглас -

Најнови вести