Од судбината не се бега – побегна од короната, ама почина од маларија

Фудбалскиот репрезентативец на Того, Куси Кудагба, почина на 24-година возраст како последица од маларија. Кудагба беше член на локалниот клуб АСК Кару, а последниот меч го одигра во март, пред прекинот на првенството поради пандемијата од корона-вирусот.

Кудагба за време на паузата решил да живее кај роднини во село во близина на главниот град Ломе, но токму таму бегајќи од корона-вирусот, заболел од маларија.

За селекцијата на Того имаше три настапи, беше дел и од екипата која играше на Африканскиот куп на нациите. Двапати по ред беше прв стрелец во лигата, а лани со својот клуб ја освои титулата.

- Оглас -

Најнови вести