По 17 одиграни мечеви во српското првенство, Црвена ѕвезда има 47 бода, дури седум повеќе од вечниот ривал Партизан. Иако се први на табелата, од таборот на актуелниот првак испратија соопштение со реакција по дуелот во Бачка Топола, каде што Партизан со пресврт славеше над ТСЦ со 3:2. Оваа реакција на Ѕвезда е како одговор на писмото кое од Партизан го пуштија пред две недели.
„Фудбалскиот клуб на Црвена ѕвезда најостро го осудува и уште еднаш потенцира на јавноста за неспортската поврзаност меѓу Партизан и Фудбалскиот сојуз на Србија. Тој однос за кој многупати досега зборувавме подразбира константна поддршка и протекции за Партизан од страна на Судиската организација на ФСС во текот на целата есенска полусезона, а тоа се потврди и на мечот против ТСЦ во Бачка Топола. Сега сите се прават луди на два очигледни пенали кои не беа досудени за ТСЦ. Првиот беше при резултат 1:0 во 23-тата минута, а вториот во 74-тата минута. За работата да биде полоша, првиот пенал беше многу поочигледен од тој што беше досуден во дербито, секако во корист за Партизан. Ако судењето во ова првенство биде барем малку чесно, Црвена ѕвезда веќе ќе имаше 20 бодови предност“, се вели во дел од долгото соопштение на Црвена ѕвезда.