Од УЕФА објаснија зошто нема ВАР во квалификациите за СП

УЕФА имала намера да примени ВАР технологија на мечевите од квалификациите за СП 2022, но се откажале од идејата, поради компликуваната ситуација со коронавирусот и намалената „оперативна и логистичка способност“. Од истата причина, нема ВАР ни на средбите од групната фаза во Лига Европа.

После синоќешната контроверзна ситуација во која Португалија беше оштетена и не им беше признат погодок за победа над Србија иако топката ја мина гол-линијата, од УЕФА чувствуваа потреба да објаснат зошто во овие квалификции нема примена на видео технологија.

- Оглас -

Најнови вести