Одбива да се пензионира, но време му е, Буфон прими гол по киксот на кариерата (Видео)

Еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот, Џанлуиџи Буфон, вечерва го прими еден од најсмешните голови во неговата кариера и кумуваше во поразот на Парма од Перуџа.

Буфон, кој има 44 години, не сака да се повлече, сезонава е на голот на Парма, но со правење вакви грешки само му прави повеќе штета на својот тим.

На една рутинска повратна топка кон него, Буфон ја утна топката и му овозможи на противничкиот напаѓач Марко Оливиери да даде лесен гол во празната мрежа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести