Јапонската одбојкарска ѕвезда Јуџи Нишида додека вежбаше сервис за време на полувремето на натпревар во Јапонија, при еден од неговите сервиси, со топката ја удри судијката која беше на другата страна од мрежата.
Нишида брзо легна на стомак и се лизна преку теренот до местото каде што беше судијката и ѝ се извини за инцидентот. Ваквиот традиционален начин на извинување во Јапонија се вика догеза. Догеза вклучува клекнување на земја и поклонување така што челото го допира подот, гест обично резервиран за покажување длабоко каење, барање сериозна услуга или демонстрирање длабока почит. Потоа ѝ се поклони, на што таа возврати.

