Одбојкарите ги добија противниците за четвртото учество на Европските првенства (Фото)

Машката сениорска репрезентација на Македонија ќе биде дел од групата „Б“ во Варна на Европското првенство 2026, откако еден од организаторите, Бугарија, го искористи правото и нѐ одбра за негови противници.
Ждрепката за противници ни ги донесе уште и Полска, Украина, Португалија и Израел.
Машкиот национален тим по четврти пат во низа ќе учествува на едно континентално натпреварување.
До почетокот на 34. Европско првенство 2026 во машка конкуренција остануваат 314 дена, а континенталниот собир ќе се одржи во Италија, Бугарија, Финска и Романија од деветти до 26-ти септември следната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести