Одбојкарите на Струмица ја одбранија шампионската титула во македонскиот шампионат откако вечерва го совладаа тимот на Штип УГД со 3-1 во сетови, што беше нивна трета победа во финалната серија.
Натпреварот започна одлично за струмичани, кои го добија првиот сет со 25-21. Во вториот сет одиграа уште подобро и го добија со убедливи 25-19. Тимот од Штип покажа отпор и успеа да го освои третиот сет со 25-16, враќајќи ја неизвесноста во мечот.
Во четвртиот сет се водеше голема борба. Струмица поведе со 20-13, но следуваше серија на Штип со која резултатот беше намален на 22-21. Сепак, домаќинот успеа да издржи и во финишот го доби сетот со 25-22, со што ја завери победата и ја одбрани титулата.
Со овој триумф, одбојкарскиот клуб Струмица по 12-ти пат во својата историја станува шампион на Македонија, продолжувајќи ја својата доминација на домашната сцена.