Одбојкарите со единаесет проверки пред ЕП во Скопје

Одбојкарската репрезентација на Македонија под водство на селекторот Јошко Миленкоски во понеделник ги започнува подготовките за настапот на Европското првенство кое ќе се одржи во Скопје од 28-ми август до 16-ти август, а освен Македонија, домаќини ќе бидат и Италија, Бугарија и Израел.

Ова за нашата репрезентација ќе биде трето учество по ред на континенталните собири, а се со цел подобра подготовка, нашите одбојкари ќе одиграат вкупно 11 контролни средби.

Најмногу контролни натпревари, дури четири ќе одиграме против репрезентацијата на Јапонија, потоа трипати ќе играме против Романија, двапати со Израел и по еднаш против Грција и Египет. Натпреварите ќе се играат во Скопје и во Кавадарци.

- Оглас -

Најнови вести