Одбојкарките очекувано поразени од Австрија

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија го доживеа и вториот пораз во Европската сребрена лига, откако на турнирот на Фарските Острови загуби од Австрија со максимални 3-0.

Противникот беше апсолутен фаворит и пред мечот, а тоа и го оправдаа откако ги добија првите два сета со идентични 25-12, додека во третиот сет минавме најдобро, 25-20.

После двата турнири, Македонија е во латната средина на табелата со две победи и исто толку порази, додека следниот турнир повторно ќе се игра во Струмица, но формален домаќин ќе биде селекцијата на Израел, а ќе играме и против Грузија.

- Оглас -

Најнови вести