2.8 C
Skopje
четврток, 22 јануари 2026

Одбраната беше на ниво, но само Кузмановски со двоцифрен број голови во нападот

Македонската репрезентација е само една од двете заедно со Фарски Острови која испадна од ракометното Европско првенство со освоени три бода.

Штета што не одиме понатаму иако имавме силна група со двајца полуфиналисти од ланското Светско првенство, но треба да бидеме горди на резултатот, кој е речиси во рамките на реалните можности на овој состав предводен од селекторот Кирил Лазаров.

Ако се погледне статистиката, јасно е дека ни фалеше поголема ефикасност во нападот. Освен Филип Кузмановски, кој постигна 28 гола на трите меча, немаме ниеден друг поединец со повеќе од девет гола, колку што има Мартин Серафимов како втор стрелец.

Повеќе се очекуваше од Жарко Пешевски, кој има добра сезона во Еурофарм Пелистер. Тој даде само два гола на двата меча на коишто играше, но искусниот пикер и не беше 100 проценти фит, поради повреда го пропушти првиот меч со Данска, исто како и Никола Митревски.

Што се однесува до голманите, Мартин Томовски беше најдобар, имаше вкупно 17 одбрани, фати 27,4 отсто од шутевите кои му ги упатија кон голот. Чудно е, но нашите голмани не одбранија ниеден седмерец, а ривалите ни шутнаа 16 пенали, што е просек од над 5 по меч.

Добри бевме во реализацијата на седмерците, само еден неискористен од 15 обиди. Сепак, севкупно повеќе голови постигнавме само од Полска, сите други беа поефикасни од нас.

Ова се показателите на што ќе треба да се работи во следниот период. Сега имаме искуство плус, следна цел е пласман на Светското првенство во Германија кое се игра наредната година.

- Оглас -

Најнови вести