Одбраната им е швајцарско сирење, ама му фатија сеир на Луиз: Не нѝ е веќе опција за резервен стопер

Давид Луиз имаше две катастрофални грешки и доби црвен картон на мечот меѓу Манчестер сити и Арсенал и беше директен виновник за поразот од 3:0 на Топчиите од Лондон.

По мечот си призна дека го оштетил клубот, а со пристапот во 25-те минути, колку што играше, заслужи само критики од симпатизерите на Арсенал. Тие се нервираат, а српскиот прволигаш Јавор имаше малку поинаков пристап. Имаат одличен настап на социјалните мрежи, а ги насмеаја сите со „итната“ објава за Луиз по дуелот во Англија.

„Давид Луиз повеќе не ни е опција за трет стопер во тимот за идната сезона“, објавија од српскиот прволигаш од Ивањица на „Твитер“.

Се пошегуваа на сметка на Бразилецот, кој не е веќе во нивните планови како резервна опција, но и на своја сметка бидејќи си признаваат дека одбраната им е катастрофална, со 62 примени гола, најмногу во Првата српска лига.

- Оглас -

Најнови вести