Одбраната на Англија постави историски рекорд

Англискиот репрезентативен голман, Џордан Пикфорд, не прими гол против Србија, и со тоа Гордиот Албион постави историски рекорд и стана прва селекција во историјата на европските првенства која на пет меча по ред во групна фаза не примила гол.

Англичаните ја сочуваа својата мрежа вечерва, на трите меча од групната фаза на ЕП во 2021 година, и на третиот меч од групата на ЕП 2016. Последен тим кој им даде гол во групна фаза беше Велс пред точно осум години, на 16-ти јуни 2016.

- Оглас -

Најнови вести