Одбраната на годината поради која мал милион обложувачи „паднаа“ на Баерн (видео)

Андреас Луте, голманот на Унион Берлин, со херојска одбрана во 90-тата минута не му дозволи на Баерн Минхен да оствари пресврт во Берлин.

Баварците притискаа за втор гол со кој би ги освоиле бодовите, меѓутоа неверојатната интервенција на Луте по ударот со глава на Сане дефинитивно ќе се запамети како потег на колото во Бундеслигата.

Луте буквално на гол-линијата како мачка реагираше и ја извади топката од сигурен гол, а поради него мал милион обложувачи „паднаа“ на евентуална двојка на Баерн.

- Оглас -

Најнови вести