Силекс и Шкендија сакаат во финале уште денес, Охрид и Арачиново се надеваат на сензација (Фото)

Два прволигаши и два второлигаши попладнево ја започнуваат битката за пласман во финалето од Купот на Македонија. Во досегашната историја никогаш се нема случено второлигаш да игра во финалето од најмасовното натпреварување, а оваа сезона за првпат има две екипи во полуфиналето.

Охрид Лихнидос и Шкендија Арачиново ќе се обидат да направат сензација, иако ништо нема да се реши денес бидејќи има реванш на шести мај.

Крај Охридското Езеро гостува Силекс, а ако се погледнат квотите во Sport Life, јасно е дека прволигашот е апсолутен фаворит. Квотата за триумф на екипата од Кратово е 1.32, а победа на Охрид, која би била рамна на сензација, има квота од 7.50.

На вториот полуфинален меч на „Градскиот стадион“ во Тетово се среќаваат двете екипи кои имаат исто име – Шкендија. Јасно е дека фаворитската улога ја имаат тетовци, но екипата од Арачиново ќе се обиде да направи изненадување, иако и самиот пласман во полуфиналето за неа е голем успех.

Мечот во Охрид се игра со почеток во 12 часот, додека во Тетово во 14 часот.

- Оглас -

Најнови вести