Оди па згреши му на Стивен Џерард: Легендата казнува за бизарни работи, торта е 50 фунти, лошо паркирање е стотка, а најскапо е да се доцни на состанок (Фото)

Стивен Џерард си има свој устав во клубовите во коишто работи, а според објавениот список на сè што казнува, станува збор за исклучително строг пристап кон фудбалерите.

Шкотите велат дека легендарниот ас бил таков во Глазгов ренџерс, а сега и „Дејли мејл“ со објавениот список на казни за многу работи само потврди дека за Џерард дисциплината е многу важа и во Астон вила.

Играчите на клубот од Бирмингам треба да внимаваат дури и на бизарни ситиници за да не плаќаат високи казни.

Најстрого е ако се задоцни на состанок со тренерот, раководството на клубот…, а тоа се казнува со 1.000 фунти, исто колку што чини доцнење за во автобус пред патување за натпреварите во Англија.

Во Астон вила по сугестија на Џерард се плаќа глоба и за бизарни работи. Некој што бил задолжен да купи торта за прослава на роденден се казнува со 50 фунти по ден на доцнење.

Меѓу најсмешните казни е и туширање без влечки, што носи глоба од 100 фунти за заминување под туш босоног.

Стивен казнува и за неправилно паркирање во просторот предвиден за тоа во тренинг-центарот на Астон вила и на стадионот за натпревари, односно на „Вила парк“ во Бирмингам.

Списокот што го објави „Дејли мејл“ е многу интересен и можете да го погледнете во продолжение на текстот.

https://twitter.com/footballnewzIG/status/1552160352414363648?s=20&t=EbyFf6N5OzXYqVVXtCMD9A

 

- Оглас -

Најнови вести