-2.2 C
Skopje
вторник, 20 јануари 2026

Одиме кон победа, Романија 10 и пол минути не ни даде гол

Ракометната репрезентација на Македонија води со 13-9 и е на добар пат да ја извојува првата победа на Европското првенство кое се одржува во Данска, Шведска и Норвешка.

Нашите ракометари имаа историски, фуриозен почеток, одиграа одлична одбрана, Романија првиот гол го даде дури во 11-тата минута за да намали на 1-4. Сепак, Македонија не ја искористи максимално кризата кај противникот, не беше доволно ефикасна во нападот за поголема предност од тие 4-0 по 10 и пол минути игра.

Нашата предност се стабилизира на 3-4 гола, а потоа нашиот напад беше во криза, 5,40 минути не дадовме гол и предноста уште малку се намали. Најголемата разлика во првиот дел беше кога Македонија поведе со 12-7.

Како што е познато, потребна ни е што поубедлива победа, за да имаме шанса да се пласираме во главната рунда, каде што ќе играат 12-те најдобри во Европа. Ќе ни треба помош и од Данска да победи со поголема разлика против Португалија, но калкулациите ќе се прават откако ќе заврши првиот меч во Хернинг.

- Оглас -

Најнови вести