Одличен старт: Пенал за водство на Македонија против Ерменија (Видео)

Македонија на најдобар можен начин го отвори мечот против Ерменија и во почетните пет минути игра има предност од 1:0. Уште во втората минута нашите изведоа напад, топката беше нафрлена во шеснаесетникот, каде еден гостински играч играше со рака.

Одговорноста да го изведе пеналот ја превзема Езџан Алиоски.

Фудбалерот на англискиот премиерлигаш Лидс беше сигурен и погоди за водство на Македонија од 1:0.

https://youtu.be/z2On7XrclQU

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести