Одлична вест за Тите, Нејмар ќе биде подготвен за дуелот со Јужна Кореја

Бразилскиот репрезентативец Нејмар ќе биде подготвен за настап на осминафиналниот натпревар на Кариоките против Јужна Кореја кој ќе се игра утревечер од 20 часот.

Нејмар на првиот натпревар на Светското првенство против Србија заработи повреда на зголобот на ногата, поради што селекторот Тите мораше да го извади од игра.
Првичните прогнози беа дека можеби се оштетени и лигаментите и постоеше можност одличниот напаѓач воопшто да не настапи во Катар.

Но, селекторот Тите на последната прес-конференција изјави дека состојбата со зглобот на Нејмар е подобра и фудбалерот на ПСЖ ќе биде подготвен за настап против Јужна Кореја.

Ова е одлична вест за Тите бидејќи во меѓувреме остана без Габриел Жезус, кој го повреди коленото и ќе мора да оди на операција, по што ќе следува тримесечно отсуство од терените.

- Оглас -

Најнови вести