Одлични вести од ИХФ, Македонија во вториот шешир при ждрепката за ракометното СП

Извлекувањето на групите за Светското првенство за ракометари кое ќе се игра во јануари 2023 година во Полска и Шведска, ќе биде на 2 јули, а македонскиот национален тим е сместен во вториот шешир.

Ова е добра вест, бидејќи избегнуваме дуели со селекции како Катар, Хрватска, Белгија, Бразил, Португалија, Полска и Црна Гора. Сигурно е дека нема да играме ни против Франција и африканскиот првак.

Во првиот шешир се главните фаворити и најсилни репрезентации, а во третиот има микс од опасни како Србија и Унгарија, незгодни како Аргентина и Бахреин, до помалку квалитетни како Чиле, Саудиска Арабија и претставници на Африка.

- Оглас -

Најнови вести