11.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Одлични вести за Борусија, капитенот се врати по четиримесечна пауза

Навивачите на Борусија Дортмунд многу се израдуваа кога видоа како тренира капитенот Марко Ројс. Искусното 31-годишно крило цели четири месеци немаше играно, ниту тренирано со остатокот од тимот. Освен Ројс, закрепна и Ерлинг Халанд, кој излезе од игра на дербито против Баерн поради повреда на коленото и оттогаш беше во аут.

Рој го повреди мускулот на бутот на 4 февруари во Купот против Вердер и прескокна 12 меча. Можеби неговиот камбек е задоцнет за да може нешто да смени во битката за титулата во Бундеслигата, но за Дортмунд не е сеедно на кое место ќе финишира, иако пласманот во Лигата на шампионите не би требало да биде проблем.

В сабота Борусија гостува кај Фортуна во Дизелдорф и прерано е да се очекува да игра Ројс, а норвешкиот голгетер Халанд е поподготвен и можеби и ќе може да помогне.

- Оглас -

Најнови вести