НБА-првакот Денвер нагетс со втората победа по ред како гостин израмни на 2-2 во плејоф-серијата против Минесота тимбервулфс. Досега на сите четири меча помеѓу овие екипи победуваше тимот кој беше гостин.
Грутките победија со 115-107. Никола Јокиќ беше предводник со 35 поени и по 7 скокa и асистенции, а голем придонес дадоа и Арон Гордон со 27 поени и само една утка во шутевите од поле и Џамал Мареј, кој уфрли 19 поени и погоди тројка од половина терен во последната секунда во третата четвртина прекинувајќи го налетот на домашните.
Ентони Едвардс даде 44 поени, што е негов личен плејоф-рекорд, но тој немаше поддршка од соиграчите каква што доби Јокиќ.
На Истокот, Индијана го растури Њујорк со 121-89 и изедначи на 2-2 во серија во која досега победува само тој што е домаќин.
Дуелот беше толку нерамноправен што во последната четвртина играа само резервите бидејќи тренерите на двата тима ги одмораа стартерите. Џејлен Брансон беше запрен на 18 поени, негова најнеефикасна игра во плејофот. По првото полувреме, Индијана водеше со 28 поени разлика и тоа беше најголема нивна предност во клупската плејоф-историја по 24 минути игра.
https://twitter.com/i/status/1789825787606036948