Одлично коло на Спортска прогноза: Освоени 13 ваучери од по 500 денари!

Јубилејното 30-то коло на Спортска прогноза беше и најсреќно за оние кои ја играат оваа бесплатна игра. По комплетирањеto на сите 13 мечеви, конечната пресметка вели дека дури 13-мина успеаjа да погодат 11 парови, а со тоа да станат и добитници на вредносни ваучери од по 500 денари во Sport Life.

Токму ова коло е потврда дека треба да играте Спортска прогноза затоа што нема што да загубите, а на крајот може само да добиете. Сите овие кои освоија вредносни ваучери беа само на два чекори од добивање на главната премија, а тоа е мобилен телефон  IPhone XS. За 12 погодоци, вредносниот ваучер изнесува 1.000 денари, но овојпат немаше 12-ка, а како најголем виновник за такво нешто е киксот на Ливерпул на гостувањето кај Евертон.

Освен неделните подароци кои може да ги освоите, за оние кои се најуспешни во Генералниот пласман следуваат одлични добивки.  Христијан Т. долго време е лидер и фаворит за сезонскиот подарок за шампионот, ТВ смарт од 48 инчи. Сепак, до крајот има уште доста да се игра, да се прогнозира и да се забавува, па ве очекуваме и во ова коло со вашите прогнози.

Ако не сте меѓу освојувачите на ваучери во ова коло не треба да се разочарувате, туку треба да ги чекате паровите за следното коло, кои ќе бидат познати во 14 часот денеска и ќе може бесплатно да прогнозирате.

 

 

- Оглас -

Најнови вести