Одложен африканскиот Куп на нациите

Африканската фудбалска асоцијација, ЦАФ, одлучи да го одложи Купот на нациите од летото 2023 година за зимата 2024 година. Домаќин на првенството треба да биде Брегот на Слоновата Коска, кој се наоѓа во зона на обилни врнежи кои најчесто се случуваат во текот на летото. Токму тоа е причина Купот на нациите наместо летово, да се одржи од 13 јануари до 11 февруари 2024 година.

Одлуката за поместување на терминот на африканското првенство одлично ќе им дојде на европските клубови ова лето, но ќе создаде дополнителни проблеми во текот на следната сезона бидејќи првенството ќе се игра во текот на сезоната.

На првенството на Африка ќе учествуваат вкупно 24 селекции.

- Оглас -

Најнови вести