Нема да се игра фудбал ниту во Манчестер, каде Сити требаше да го пречека Вест Хем во дуел од англиската Премиерлига. Откако низ Европа беа одложени многу мечеви, и Англичаните решија дека е подобро да не се игра на „Етихад“, додека не се создадат подобри услови.
Екстремно лошите временски услови не гараат безбедност на гледачите кои би дошле на трибините, а и фудбалерите би имале лоши услови за игра, без да бидат во можност да покажат што знаат. Клубовите ги известија своите навивачи дека билетите ќе им важат, и ќе може со истите карти да влезат кога ќе се игра одложениот меќ.