Одложени два натпревари на Зенит во Евролигата поради ковид-19

Дуелот Басконија – Зенит Санкт Петербург од третото коло во Евролигата кој требаше да се одигра вечерва, е одложен, како и средбата Валенсија – Зенит закажана за три дена подоцна бидејќи корона-вирусот прави раздор во редовите на рускиот тим.

Зенит воопшто не отпатува за Шпанија за претстојните гостувања, бидејќи има 13 активни случаи на ковид-19, од кои осум заразени се кошаркари, а меѓу нив е и тренерот Чави Пасквал.

Во меѓувреме е отворена постапка од страна на Дисциплинската комисија на Евролигата, по што ќе се разгледува опцијата да се доделат службени порази на Зенит со по 20:0 од двете одложени средби.

- Оглас -

Најнови вести