Одлуката е донесена, наскоро и официјално: Алушовски веќе не е тренер на Еурофарм Пелистер

Стевче Алушовски го напушта кормилото во стручниот штаб на ракометниот клуб Еурофам Пелистер.

Алушовски и се уште актуелниот шампион се разделија после само четири месеци соработка. Неофицијално, тој понудил оставка уште по поразот од ГРК Охрид во Битола, но не била прифатена, па тој остана на клупата и во победата над Алкалоид во Скопје и во полуфиналето на Купот кое беше капак на кризата. Пелистерци претрпеа болен и убедлив пораз од Охрид, по што останувањето на Алушовски веќе не е можно.

Се чека само официјална потврда од клубот за заминувањето на Алушовски и информација кој ќе го води тимот до крајот на сезонава во која битолчани нема да освојат трофеј и може да завршат на трето место во Суперлигата што би било огромен неуспех за нив.

 

- Оглас -

Најнови вести