Во Италија разоткриена мрежа на елитна проституција, а клиенти биле и фудбалери од Серија А

Во Италија е спроведена обемна полициска акција која разоткрила мрежа на луксузна проституција, поврзана и со фудбалери од највисок ранг.


Италијанската полиција, под надзор на обвинителката Бруна Албертини, разбила организирана група која, под маската на агенција за организација на настани, нудела ексклузивни аранжмани со ескорт-дами за богати клиенти.

Како што пишува „Газета дело Спорт“, во целиот систем биле вклучени посредници и ПР агенти.


Истрагата покажала дека станува збор за добро разработен бизнис модел, во кој на клиентите им биле нудени излегувања во елитни клубови во Милано, а потоа и престој во луксузни хотели со дополнителни услуги. Особено се издвојувала „услугата по натпреварите“, наменета за спортисти, меѓу кои и фудбалери од Серија А.

Вкупниот промет на организацијата се проценува на над 1,2 милиони евра, а во судските документи се споменуваат најмалку 50 познати клиенти.

Во бизнисот, покрај професионални ескорт-дами, биле вклучени и помлади девојки кои добивале половина од заработката. Четворица главни осомничени се соочуваат со сериозни обвиненија, меѓу кои поттикнување и искористување на проституција, перење пари и здружување во криминална организација.

- Оглас -

Најнови вести