Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, се очекува да остане во клубот и следната сезона, и покрај разочарувачките резултати на тимот. Според „Скај Спортс“, Холанѓанецот ќе продолжи со работата, а дилемите околу неговата иднина се намалени откако Црвените се доближија до обезбедување пласман во Лигата на шампионите за следната сезона.
По победата над Евертон за време на викендот, Ливерпул има предност од седум бодови во однос на шестопласираниот Челзи, а шансите на лондончани да ги стигнат се минимални. Петтото место на табелата би им обезбедило на фудбалерите на Ливерпул настап во најпрестижното европско клупско натпреварување.
Слот го предводеше Ливерпул до шампионската титула во Англија во својата прва сезона, но во втората се соочува со сериозни предизвици. И покрај големата летна селекција, тимот се очекува да ја заврши сезоната без освоен трофеј и значително зад главните конкуренти за титулата, Арсенал и Манчестер сити.
Arne Slot is expected to continue as Liverpool head coach next season, Sky Sports News understands, as the club close in on Champions League qualification 🔴 pic.twitter.com/twk9XFZrZa
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) April 21, 2026

