Поразот од Украина треба што побрзо да се заборави, веќе задутре на македонскиот фудбалски национален тим му претстои нов меч, пријателски, против Ерменија.
Ерменците веќе се во Скопје, во главниот град остануваат до утре, кога ќе заминат во Струмица, каде ќе се игра мечот во вторник. Во квалификациите за ЕП, беа во позиција да се борат за првите две места, но најпрвин во септември загубија дома од Хрватска со 0-1, а пред три дена беа изненадени од слабата Летонија, па во лошо расположение и разочарани дојдоа во Македонија.
Македонскиот тим е фаворит според квотите во Sport Life.
Секако има голем број на игри и опции за обложување за овој меч. Што се однесува до квотите за точен резултат на крајот, најголеми шанси се даваат за средбата да заврши 1-0, 1-1, 2-0 или 2-1, а меѓу другото, може да се обложите и кој ќе биде резултатот на полувреме.