Ждрепката сакаше Охрид да игра со Ренова, а Тиквеш против Силекс во двата бараж дуели за пополнување на првата македонска фудбалска лига. Мечевите се играат наредниот вторник од 16 часот.
Охриѓани и тетовци ќе бркаат место во првата лига на теренот на ФФМ во Ново Лисиче, додека кавадарчани и кратовци ќе се сретнат на арената „Тодор Проески“. Според правилата на ФФМ, ако после 90 минути биде нерешено, нема да има продолженија, туку веднаш се преминува кон изведување на пенали.