Официјалнизиран првиот зимски трансфер на „Олд Трафорд“

Манчестер јунајтед потпиша со голманот Џак Батланд кој доаѓа како позајмен играч од Кристал Палас. Батланд треба да остане на „Олд Трафорд“ во следните шест месеци и ќе биде резервен голман, додека „единицата“ останува за Давид де Хеа.

Голманот кој има и девт настапи за репрезентацијата на Англија, кариерата ја започна во Бирмингем, а потоа направи трансфер во Стоук. Има брането и во Барнсли, Лидс и Дерби каунти. Во Кристал Палас дојде во 2020 година.

- Оглас -

Најнови вести