Официјално: Антоан Гризман потпиша за Орландо сити!

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, ќе ја продолжи кариерата во американскиот МЛС клуб Орландо сити.

Овој 35-годишен француски фудбалер денеска потпиша договор со Орландо, а договорот стапува на сила во јуни. Антоан ќе игра за клубот од МЛС-лигата до летото 2028 година, со опција за продолжување на договорот за уште една година.

Гризман играл за Реал Сосиедад, Атлетико Мадрид и Барселона во Шпанија. Тој одиграл 137 натпревари за француската репрезентација, постигнувајќи 44 гола, а има и титула светски првак од Мундијалот во 2018 година.

- Оглас -

Најнови вести