Новопечениот шпански репрезентативец, 22-годишното крило Брајан Сарагоса, од 1 јули 2024 година ќе биде член на Баерн Минхен, потврди германскиот клуб попладнево.
Сарагоса е играч на Гранада и таму ќе игра до крајот на сезонава, по што заминува во Баерн, со кого потпиша договор до 30 јуни 2029 година.
Брајан е висок само 164 сантиметри, а вниманието на пошироката јавност го привлече со двата гола на мечот против Барселона. Силни страни му се брзината и дриблингот, а дебито за А тимот на Црвената фурија го имаше во октомври.