Официјално: Давид Силва објави крај на играчката кариера!

Шпанскиот фудбалер Давид Силва официјално објави дека ја завршува играчката кариера.

Силва, кој има 37 години, сезонава требаше да игра за Реал Сосиедад, но за време на подготовките ги скина лигаментите во коленото и реши да стави крај на славната кариера.

Давид Силва беше член на славната генерација на Шпанија, која беше светски првак (2010 година) и двократен (2008 и 2012) европски шампион. За националниот тим одигра 125 меча и постигна 35 гола.

Со Манчестер сити четири пати ја освои Премиер лигата, а во родната земја играше за Валенсија, Еибар, Селта и Реал Сосиедад. На 869 меча во кариерата имаше 156 гола, 226 асистенции и 20 освоени трофеи.

- Оглас -

Најнови вести