Официјално: Диего Симеоне ќе го води Атлетико до 2022 година

Диего Симеоне и официјално стави потпис на нов договор со Атлетико Мадрид, според кој ќе се задржи во шпанската престолнина до 2022 година. Аргентинскиот стратег на тој начин ќе се задржи 11 години во Мадрид, откако во 2011 година за првпат застана на кормилото на „јорганџиите“.

„Сакам да се заблагодарам на сите за нивната поддршка во изминативе години. Со голем интензитет ќе продолжиме да работиме на овој проект, Атлетико пресрасна во голем клуб со светла иднина,  драго ми е што ќе бидам тука до 2022 година“, истакна Симеоне.

Во досегашниот престој, Симеоне со Атлетико освои вкупно седум трофеи, меѓу кои се титулата во Шпанија, трофејот во шпанскиот Куп, два пехари од Лигата на Европа, исто така два пехари во Суперкупот на Европа, додека во два наврати успеа да се пласира во финалето на Лигата на шампионите.

Атлетико се подготвува за гостувањето кај Рајо Валјекано (16-ти февруари, 16:15 часот) во следното коло од шпанскиот шампионат, а веќе во среда ги очекува првиот осминафинален дуел против Јувентус во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести