Искусниот голман Војќех Шченсни и официјално е промовиран во нов чувар на мрежата на Барселона. Шченсни само пред неколку месеци замина во фудбалска пензија, но сега неочекувано повторно се враќа.
Последен пат искусниот 34-годишен полски голман бранеше за Јувентус, но откако стана јасно дека во новата сезона нема да биде прва опција за голот, реши да се пензионира.
Шченсни во Барселона доаѓа откако првиот голман Марк-Андре тер Штеген се повреди и ќе паузира до крајот на сезоната.
Szczęsny is culer! 💙❤️ pic.twitter.com/B1S3RVBd2L
— FC Barcelona (@FCBarcelona) October 2, 2024
Шченсни кариерата ја започна како голман на Арсенал, каде што беше од 2009 до 2017 година. Во овој период бранеше и за екипите на Брентфорд и Рома, и тоа како позајмен од Арсенал. Во 2017 година Шченсни направи трансфер во Јувентус, каде што бранеше на вкупно 252 натпревари. Овој искусен голман има и 84 настапи во репрезентацијата на Полска.