Холандскиот стручњак Ерик тен Хаг ќе го води Манчестер јунајтед од следната сезона. Ова го потврдија и Црвените ѓаволи и Ајакс, клубот во којшто работи Тен Хаг.
Договорот со Јунајтед му е до летото 2025, со опција за продолжување и до јуни 2026 година.
„Голема чест е и предизвик да се биде менаџер на Манчестер јунајтед. Ја знам историјата на овој голем клуб, пасијата на фановите и ќе работам да им се вратиме на успесите кои ги заслужува клубот. Ќе ми биде тешко што го напуштам Ајакс по сите овие феноменални години, ветувам максимална посветеност кон клубот пред да се преселам во Манчестер“, рече Тен Хаг.