Официјално: Еспирито Санто веќе не е тренер на Тотенхем, наскоро промоција на Конте!

Тотенхем официјално објави дека го раскинале договорот со менаџерот Нуно Еспирито Санто. Португалецот летоска беше ангажиран од лондонскиот клуб, но имаше лоши резултати и не се прослави како во Вулверхемптон, каде што имаше поуспешни неколку сезони и го привлече вниманието на светската фудбалска јавност.

Се чини дека е познато името на новиот тренер на Тотенхем. Тоа ќе биде Антонио Конте, кој веќе има работено во Англија, и тоа во Челзи, а во минатата сезона со Интер стана шампион на Италија, прекинувајќи ја децениската доминација на Јувентус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести