Сеск Фабрегас и официјално е тренер на Комо, клубот чиј малциски сопственик е токму шпанецот. Тој и минатата сезона седна на клупата на новиот член на италијанската Серија А, но бидејќи се уште немаше про-лиценца, на тоа место остана само еден месец.
Сега шпанецот ја има потребната документација за да може да биде тренер на клуб од Серија А, па следуваше и неговата официјализација.
„Среќен што во новата сезона ќе бидам главен тренер и им се заблагодарувам на сопствениците за довербата. Имаме исти амбиции и мислам дека ова е само почеток за овој клуб. Ќе биде ова тешка сезона, но и важна, но мојот тим и јас сме подготвени и полни со самодоверба.“ – рече Фабрегас на промоцијата.