Официјално: Филип Талески се враќа во Вардар 1961!

Ракометниот клуб Вардар 1961 официјално потврди дека го договорил враќањето на Филип Талески.

Талески играше за Вардар пред да замине во Бенфика, во Португалија, каде што мина две сезони.

Филип е производ на школата на Металург, а со Вардар освои три шампионски титули и Куп на Македонија. Тој не беше дел од националниот тим на Македонија на последните две големи натпреварувања, но со враќањето дома и играњето поблиску до очите на селекторот Кирил Лазаров, кој ќе има подетален увид во неговата форма, можеби ќе добие прилика за камбек и во репрезентативниот дрес.

- Оглас -

Најнови вести