Официјално: Габриел Жезус е нов член на Арсенал! (Фото)

Бразилскиот напаѓач Габриел Жезус го комплетира својот трансфер од Манчестер сити во Арсенал. Жесус во Арсенал ќе го носи дресот со бројот 9, а беше претставен со фотографија во која тој позира како познатата статуа на Исус Спасителот во Рио де Жанеиро.

Во претходниот клуб Жезус беше пет сезони, освои четири титули во Премиер лигата и на 236 меча даде 95 гола.

- Оглас -

Најнови вести