Глазгов ренџерс синоќа на свој терен ги разочара навивачите откако со 3:1 загуби од Ајакс и ја заврши авантурата во Лигата на шампионите без ниту еден освоен бод. Поразот на Глазгов ренџерс значеше и поставување на нов неславен рекорд во елитното европско натпреварување на УЕФА. Шкотскиот тим стана најслабиот клуб во историјата на групната фаза затоа што не освои ниту еден бод, а на крајот имаше гол-разлика само од два дадени и дури 22 примени гола. Глазгов ренџерс беше во група со Наполи, Ливерпул и Ајакс, а најтешкиот пораз го имаше дома од Ливерпул со 1:7.
Со овој биланс, Глазгов ренџерс го сруши неславниот рекорд на Динамо Загреб, кој во 2011 година групната фаза ја заврши без ниту еден освоен бод, а со гол-разлика 3:22. Динамо тогаш беше во група со Реал Мадрид, Лион и Ајакс.
Освен Глазгов ренџерс, антирекордот на Динамо го надмина и Викторија П’лзењ, тим кој беше во „групата на смртта“ со Баерн Минхен, Интер и Барселона, а на крајот групната фаза ја заврши без бодови, а со гол-разлика 5:24 (минус 19).
-20 – Rangers’ goal difference of -20 is the worst for a side that lost all six group stage games in the UEFA Champions League in the competition’s history (F2, A22). Obliterated.
— OptaJoe (@OptaJoe) November 1, 2022