Официјално: Мане потпиша за Ал Наср и му се придружува на Кристијано!

Она што подолго време се зборуваше и беше јавна тајна, вечерва доби и официјализација, Сенегалецот Садио Мане од Баерн Минхен се пресели во саудиски Ал Наср, каде соиграчи ќе му бидат Кристијано Роналдо, како и Марцело Брозовиќ и Алекс Телјес како најзвучни имиња.

Годишната плата на Мане ќе му биде околу 40 милиони евра, а договорот со Ал Наср му е на четири сезони.

- Оглас -

Најнови вести