-2.2 C
Skopje
недела, 11 јануари 2026

Официјално: Марио Балотели има нов клуб, ќе игра во втора лига

Славниот италијански напаѓач, Марио Балотели, и официјално има нов клуб, откако потпиша за второлигашот од Обединетите Арапски Емирате, Ал-Итифак од Дубаи. Италијанецот беше без клуб нешто повеќе од шест месеци, откако си замина од Џенова, а многумина сметаа дека тоа беше и крај на неговата кариера.

Сепак, тој се одлучи да продолжи да игра, иако тоа ќе го прави на необична локација и во второлигашки клуб.

Балотели во својата кариера настапуваше за Лумецане, Интер, Манчестер сити, Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј, Бреша, Монца, Адана, Сион и Џенова. За репрезентацијата на Италија одигра 36 натпревари и постигна 14 гола.

- Оглас -

Најнови вести