Португалскиот бек Жоао Кансело вечерва после натпреварот Барселона – Реал Мадрид, ако Каталонците не загубат, ќе исппше историја и ќе стане првиот фудбалер во историјата кој освоил шампионска титула во секоја од четирите најсилни лиги во Европа.
Кансело има освоено титула во Англија со Манчестер сити, во Италија со Јувентус, во Германија со Баерн Минхен, а сега е на прагот тоа да го стори и со Барселона во Шпанија. Како бонус, тој има титула и во португалската лига како играч на Бенфика.
Касело во Барса игра како позајмен од саудиски Ал-Хилал.
Кристијано Роналдо, Златан Ибрахимовиќ, Арјен Робен, Кингсли Коман и Дејвид Бекам имаат освоено титули во три од топ 5 лигите. Но, никој од нив се играл во сите лиги за да може да ги освои. Ни Кансело не играл во Франција па и тој не може да ги има сите пет, но ќе стане првиот со титули во топ 4 лигите.

